Потрага по богатство на Неделата на Кодирање
Тоа е игра на Telegram која е доста едноставна за почетниците, но исто така ги предизвикува и искусните учесници да бидат внимателни.
Потрага по богатство на Неделата на Кодирање е игра која најдобро се игра на вашиот компјутер со мобилниот телефон на рака. Играта ќе побара од вас да решите предизвици за кодирање и ќе ве упати низ историјата на кодирањето, компјутерската наука и технологија во Европа .
За да почнете да играте треба да
- ја симнете апликацијата Телеграм (Telegram). Која е достапна за Десктоп компјутер (Windows, macOS и Linux), iOS и Android
- Можете да играте било на вашиот компјутер или лаптоп, или на вашиот смарт телефон. Ви препорачуваме да играте не компјутер за да ги добиете упатствата и да ги решите предизвиците на кодирање на апликацијата Telegram на вашиот телефон.
- За да играте, отворете ја играта и скенирајте го QR кодот (баркодот) кој ќе ве носи на апликацијата Telegram и ќе ви го дадед првиор сет на упатства.
- За да победите, треба да решите 10 предизвици за кодирање и да најдете 10 локации на мапата на Европа кои се поврзани со развојот на кодирањето и технологијата.
- Откако ќе ја завршите играта, споделете го вашиот резултат со пријателите користејќи го #EUCodeWeek и предизвикувајте ги нив да играат и научат и за историјата на кодирањето. Да видиме кој ќе бележи најдобри резултати !
Потрагата по богатство на Неделата на Кодирање е виртуална верзија за година на оригиналната Потрага по богатство на Неделата на Кодирање на ЕУ која за прв пат било развиено од Алесандро Боглиоло, професор по компјутерски системи во универзитетот во Урбино. За да дознавате повеќе за неговата оригинална игра, посетете го нашиот блог.
Како да де приклучите
Не можете да чекате да почнете со кодирање? Ако сакате да се придружите на заедницата на Неделата на Кодирање на ЕУ но не знаете каде да почнете, погледнете ги ресурсире за прославата на годишнината кои ќе ви помогнат да започнете, навреме за нашата прослава за годишнината во октомври.